Две деца загинаа по превртување на трактор кај Струмица

Двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години го загубија животот денеска околу 15:15 часот во сообраќајна несреќа на локалниот пат Добрејци и Пиперово.

Според првичните сознанија, тракторот со кој превезувале двете деца се превртел и паднал во реката.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар мртвопроверител, а по констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега