Две групи на мигранти физички се пресметале: Повредени две млади лица кај село Ваксинце

Двајца мигранти биле повредени кај село Ваксинце откако две груми на мигранти физички се пресметале, а притоа највероатно користеле и нож.

Според привеното на 14.04.2021 во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче, Х.И. од с.Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во с.Ваксинце бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти, при што биле употребени остар и тврд предмет.

-М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2021 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега