Две момчиња од Скопје уапсени во Охрид - кога виделе полиција ја фрлиле марихуаната

На 08.08.2024 во 20.20 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Д.Г.(23) и Л.Г.(20), двајцата од Скопје.

При преглед кај нив, Л.Г. фрлил пакување со марихуана, која е одземена. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

09.08.2024 - 17:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега