Движење БЕСА: Техничкиот премиер Талат Џафери решил технички да ги спаси криминалците потврдени од САД
Талат Џафери го повлече законот со кој треба да се казнат сите оние функционери и бизнисмени на владата на СДСМ - ДУИ, кои Соединетите Американски Држави ги ставија на црната листа поради нивната вмешаност во финансиски криминал, главно со злоупотреба на позициите и се збогатија на грбот граѓаните.
Многу бргу на ДУИ им паднале маските. На виделина е фактот дека техничкиот премиер Талат Џафери решил технички да ги спаси криминалците потврдени и од САД.
Тоа докажува и еден факт, дека Талат Џафери е секогаш тука каде што мора да се брани ДУИ и нејзиниот криминал. Кога требаше во Собранието да се блокираат закони во интерес на ДУИ и на штета на Албанците беа тука, сега е потребно во Владата, бидејќи таму ќе ги штити криминалите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа