Џафери изрази сочуство за смртта на Ратка Димитрова
По повод смртта Ратка Димитрова, пратеничка од првиот парламентарен состав, претседателот на Собраниет на Република Северна Македонија, Талат Џафери, изрази сочуство до семејство Димитров. Сочуство Џафери упати и во името на актуелните пратеници.
– Личност со непоколеблив карактер, јасна визија и волја за преземање на чекори кои секогаш биле во согласност со нејзиното верување и убедување. Изразувам сочувство за загубата на блискиот член на Вашето ценето семејство, загубата е огромна, ненадоместлива и болна. Меѓутоа, тоа е природен тек на нештата и животот и наша единствена опција е да ја прифатиме оваа реалност која колку и да е горка, сепак е надвор од нашата моќ. Кревки и немоќни пред тагата, останува да бидете силни, искрени и неуморни во чувањето на споменот, на заедничките убави моменти кои сте ги споделувале и секако доследни на советите кои може да ги даде само личност која во животот проживеала многу, имала плоден политички ангажман и дала несебичен придонес во развојот на општеството и држава, пишува Џафери.
Воедно, тој изрази сочувство и до пријателите, блиските соработници, познаници и почитувачи на нејзиното дело, меѓутоа и до граѓаните на Република Северна Македонија, за згаснувањето на животот на поранешната пратеничка и вреден член на нашето општество.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа