Џафери: Кој ќе излезе со дипломатски пасош веднаш да се разреши

Техничкиот премиер Талат Џафери сепак е убеден дек никој не поминува граница со стар дипломатски пасош. Пратениците на опозицијата кои се снимаа на граница ги обивни дека шират лажни вести. Повика секој функционер кој искористил дипломатски пасош да биде разрешен, иако веројатно и самиот знае дека во моментов нема начин да се разреши пратеник

„Тоа е во делот на лажните вести би рекол. Дипломатски пасош не може да дава со старо име никој. Е сега ако некој има дипломатски пасош што го земал претходно, тој дипломата сакам да го видам кој е, да се разреши веднаш.  И сега тој дошол во ситуација на граница да дојде да прави вест. Или е лажна веста или тој што го има тоа треба да биде разрешен според мене, рече Џафери.

Toj повика да не се прави политика од проблемот во кој сме ставени со издавање на пасошите.

22.02.2024 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега