Џасмин Тукс стана мајка

 

Џасмин Тукс во четвртокот се огласи на „Инстаграм“ за да сподели радосна вест.

Ветеранката на „Викторија сикрет“ откри дека го дочекала своето прво дете, девојчето Миа Викторија, пред повеќе од една недела:

„Миа Викторија 2•23•23“, напиша во описот на објавата. А на ‘Инста-сторис’ сподели уште една објава: „Толку многу сме вљубени во неа и возбудени за ова следно поглавје во нашите животи“.

Девојката од насловните страници (32) сподели и фотографија каде што ја држеше малата рака на детето заедно со раката на својот сопруг.

Младата мајка се погрижи да има нов маникир.

Џасмин е во брак со 32-годишниот Хуан Давид Бореро, син на еквадорскиот потпретседател Алфредо Бореро.

Мама: Последен пат беше фотографирана во јануари во Лос Анџелес на забава за родителите и семејството – т.н. „бебе шауер парти“… бебето доаѓа.

03.03.2023 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега