Џеј Ло и Бен Афлек се премислија, нема да ја купат куќата што ја избраа
Џенифер Лопез и Бен Афлек не може да се одлучат за својот дом од соништата, тие повторно се откажаа од преддоговорот за куќата што требаше да ја купат.
ТМЗ дознава дека славниот пар требало да го финализира купопродажниот договор минатиот петок, но непосредно пред да биде потпишан, запечатен и испорачан, тие се повлекле.
Извори упатени во процесот на купување кажуваат за ТМЗ: Џеј Ло и Бен го повлекоа потписот за куќата во калифорниската населба Пацифички Палисади, која се чинеше дека се подготвени да ја купат за 34,5 милиони долари.
Славната двојка била забележана како разгледува куќа во близина на онаа што претходно ја избраа и резервираа.
Ова е најмалку втора куќа за која потпишале преддоговор, но во последен момент се повлекле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа