Џенифер Лопез со нова жешка фотосесија ги излуде фановите- кога ќе ги погледнете сѐ ќе ви стане јасно
Џенифер Лопез на социјалната мрежа Инстаграм објавила сексапилни фотографии, па привлекла големо внимание кај фановите.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез и на 53 години знае во бикини да изгледа совршено, па на Инстаграм поставила дури шест свои фотографии на кои позира во гламурозно металик бикини.
Покрај сите тие фотографии поставила и една на која во прв план е нејзиниот задник, па добила многу коментари и допаѓања.
Инаку, Лопез ги објавила фотографиите како најава за спотот за песната „Cambia El Paso“ која ја снимила со реге музичар, а чија премиера ќе биде во петок.
View this post on Instagram
Таа споделила и уште неколку свои фотографии од снимањето на кои исто така носи бикини.
View this post on Instagram
Обожавателите не штеделе комплименти, а многумина споменале дека таа блеска откако ѝ се врати на својата стара љубов, актерот Бен Афлек за што неодамна изјави дека е пресреќна.
Да ве потсетиме, двајцата првпат беа во врска од 2002 до 2004 година, а беа и верени.
View this post on Instagram
Своевремено беа еден од најславните парови и го добија заедничкиот прекар „Бенифер“, а веста за нивното раскинување непријатно ги изненади обожавателите.
Откако Џенифер раскина со Алекс Родригез, се дозна дека Бен и таа одлучиле да ѝ дадат нова шанса на нивната романса и истата да ја обноват.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа