Џесика Ланг се повлекува од актерството

Џесика Ланг е подготвена да се повлече од глумата.

Ѕвездата на „Тутси“ размислува за постапно пензионирање бидејќи преку глава ѝ е тоа што приоритет ѝ се дава на заработката пред креативноста и смета дека уметноста на снимање филмови трпи како резултат на тоа.

Таа за весникот „Дејли телеграф“ изјави: „Мислам дека ќе почнам постепено да се откажувам од снимањето филмови. Нема да го правам ова уште долго“.

„Креативноста сега е второстепена во однос на корпоративниот профит. Акцентот не е ставен на уметноста или на уметникот или на раскажувањето приказни. Сè се врти околу задоволување на вашите акционери. Тоа го намалува значењето на уметникот и на уметноста на снимање“.

Џесика жали поради, како што рече, недостигот на прекрасни филмови од навистина големи филмаџии, прекрасни приказни, големи ликови.

„Тоа сега е реткост, нели?“, додаде таа.

10.10.2023 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега