Џони Деп по победата: Најдоброто допрва доаѓа (ФОТО)
Поротата донесе пресуда во корист на Џони Деп и му беа доделени 15 милиони долари, по што актерот објави долга порака на Инстаграм.
„Пред шест години, мојот живот, животот на моите деца, животот на најблиските и сите кои ме поддржуваа се смени засекогаш. Додека да трепнеш. И шест години подоцна поротата ми го врати животот. Од самиот почеток, целта на овој случај беше да ја откријам вистината. Најдоброто допрва доаѓа и новото поглавје почна“, напиша Џони Деп.
Амбер сепак доби 2 милиони долари отштета во својата противтужба.
Поротата утврди дека Деп ја наклеветил Херд – но тоа било преку неговиот адвокат, Адам Волдман. Од барањето за оштета од 100 милиони долари, таа доби само 2 милиони долари компензациска надокнада и никаква казнена отштета.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа