Џорџ Клуни ја огласи на продажба куќата покрај езерото Комо
Џорџ Клуни го продава својот имот покрај езерото Комо за речиси 150 милиони долари (100 милиони евра).
62-годишниот актер ја купи вилата „Олеандра“ од 3.000 квадратни метри од производителите на кечап – семејството Хајнц за 12,5 милиони долари во 2002 година и, две години подоцна ја купи и соседната вила „Маргерита“ за 8,5 милиони – пред да ги поврзе имотите со мост.
Сега таблоидите дознаваат дека тој сака да се ослободи од импресивниот имот во Италија за да избега од љубопитните очи на папараците по повеќе години летување таму со својата сопруга адвокатка за човекови права Амал Клуни (45) и нивните шестгодишни близнаци Ела и Александар.
Неодамна беше објавено дека Џорџ го навел имотот за продажба по цена од 107 милиони долари, при што извор изјавил за „Пејџ сикс“ дека актерот бил свесен за вниманието што го добива кога е во градот.
Водечки агент за недвижнини потврди дека шпекулациите се вистинити во изјава за неделникот „Оџи“.
Јасмин Бејсал, извршна партнерка во агенцијата за недвижности „Енгел и Волкерс“, рече дека ѝ се обратила агенција од Милано да ја продаде куќата на Клуни.
Вилата од 18 век со 25 соби се наоѓа во Лаљо – каде Клуни беше прогласен за почесен граѓанин во 2004 година.
Располага со зеленчукова градина, киносала, сала за вежбање, терени за тенис и кошарка, како и базен и други објекти на површина од 8.500 квадратни метри.
Меѓу пријателите на Клуни кои престојувале на имотот се војводата и војвотката од Сасекс, Барак и Мишел Обама, Џенифер Анистон и Мет Дејмон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа