Џорџ Клуни за Бред Пит: Добро момче, но не изгледа добро во последно време

Бред Пит денеска наполни 60 години, а еден од неговите добри пријатели, актерот Џорџ Клуни, еднаш се пошегува на негова сметка.

Имено, Пит и Клуни заедно го продуцираат филмот Wolves, кој треба да излезе в година, а ова е првпат по 15 години, повторно да се заедно на филмски сет и добро да се забавуваат. Клуни во интервју за ExtraTV се осврна на нивната обновена соработка, а не пропушти да се пошегува на сметка на својот колега.

„Убаво момче е Пит. Не знам дали сте го виделе одблиску во последно време. Не изгледа толку добро. Сепак, со шминка и визуелни ефекти можеме да го спасиме“, се пошегувал тој.

Инаку, Клуни на премиерата на The Boys in the Boat откри дека Пит сака да се шегува на филмскиот сет.

„Моите шеги би можеле да траат засекогаш, но неговите шеги се до коска. Тој користи валкани трикови”, открил актерот.

18.12.2023 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега