Единствениот преживеан патник од првиот вагон е 20-годишен студент – излетал од прозорот 25 метри во полето

Единствениот преживеан патник од првиот вагон на возот кој се судри со товарен воз кај Лариса во Грција, е 20 годишен студент од Волос. Момчето патувало за Солун. Во моментот кога се случил сударот бил фрлен во полето и токму поади тоа и ја преживеал несреќата. Според информациите спасувачите таму го пронашле во бесознание. 20-годишникот веднаш бил префрлен во болница каде бил примен на операција, пренесуваат грчките медиуми.

– Тој беше единствениот преживеан од првиот вагон, изјавија лекарите кои сега се борат да го одржат во живот… Младиот човек имал две операции на главата и бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега.

 

02.03.2023 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа