Едногодишно дете почина во болницата во Охрид
Едногодишно дете денеска починало во охридската болница, јави Телма. Нема информации од кои причини настапила смртта. Информацијата ја потврдила и полицијата од каде велат дека утрово во 8 часот добиле пријава дека во битолската болница е донесено едногодишно дете во тешка здравствена состојба поради повеќе болести. По обидот за реанимација докторите констатирале смрт. На телото на детето немало траги на насилство.
Известен е јавен обвинител кој наредил телото да се предаде на семејството.
До овој момент нема информации зошто починало детето, каква била неговата здравствена историја и во какви услови живеело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа