„Ејџијан Ерлајнс“ ќе ги намали летовите на линијата Скопје-Атина

Грчката авиокоманија „Ејџијан Ерлајнс“  во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина - Скопје, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“.

Како што пишува порталот, „Ејџијан Ерлајнс“ ќе ја опслужува релацијата четирипати неделно, што  е намалување во однос на шесте летови неделно во претходната зимска сезона. 

Нема промени во бројот на летови на „Ејџијан Ерлајнс“ на линијата Скопје - Сараево, каде се планирани по три во ноември и декември годинава и по два во јануари, февруари и март следната година.

25.08.2024 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега