Екипи на Инспекторатот на терен: Над 100 субјекти во ТЦ Беверли Хилс не го пријавиле имотот и не плаќале данок
Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли.
-Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, помшто е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот, информираат од Град Скопје.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво.
-Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци, стои во соопштението од градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа