Експлодираше воз полн со европратеници - патувале кон Брисел

 

Експлозија се случила во воз во кој се возеле европратеници од Европскиот парламент во Стразбур кон Брисел по што патниците биле евакуирани.

Политичарите се качиле во возот во на Еуростар 14:57 часот. Возот бил изнајмен од Парламентот, а пратениците морало да бидат евакуирани во главната сала на станицата во Стразбур.

Емануел Фулон, белгиски парламентарен асистент во групата „Renew Europe“, напиша на интернет дека слушнал „експлозија“.

Пеле Гертсен, дански функционер во левицата, ја опиша евакуацијата како „хаотична“.

Противпожарните служби дошле на местото на железничката станица во Стразбур.

„Технички инцидент се случи во воз на станицата во Стразбур“, потврдија од прес-службата на Парламентот, додавајќи дека нивните служби се во контакт со надлежните органи и прават се за да организираат алтернативни транспортни средства.

„Ве молиме, останете смирени“, ги повика колегите службеникот на парламентот Гијом Принжир во е-пошта. „Работиме со Еуростар за да најдеме решение.“

Принжир исто така им кажал на пратениците дека возот со кој ќе може да отпатуваат за Брисел ќе тргне во 20 или 21 часот вечева. Вториот изнајмен воз треба да тргне околу 17:30 часот.

„Влезниот и појдовниот сообраќај е во прекин во Стразбур поради чад што излегува од воз“, напиша TER Grand Est, регионалната железничка мрежа, на X. „Крајот на прекинот се проценува во 18:00 часот“.

„Сите се добро“, рече друга вработена на местото на настанот, која рече дека видела чад. „

Европскиот парламент изнајмува специјални возови за своите членови и вработени меѓу Брисел и Стразбур, каде што се наоѓаат неговите комори. Во возот имало 750 доделени седишта, соопшти собраниската прес-служба.

 

 

10.10.2024 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега