Експлозија во Нов Белград: Автомобил одлетал во воздух, маж кој се поврзува со убиство се здобил со тешки повреди
На улицата Омладински бригади во близина на комплексот Ерпорт сити во Нов Белград денеска на пладне експлодирал џип, а причина за експлозијата е најверојатно подметната експлозивна направа.
Според првичните информации, две лица се здобиле со повреди, а едно лице е извлечено од випот и лежи на улицата.
Како што пишуваат српските медиуми, постои сомнеж дека во автомобилот се наоѓа Страхиња С. кој се поврзува со убиството на познатиот адвокат Драгослав Мише Огњановиќ.
Според неофицијални информации, тој се здобил со тешки телесни повреди.
Медиумите потсетуваат дека обид за атентат Страхиња С. се случул пред само еден месец во белградската населба Галеник.
На местото на експлизијата во моментов има полиција, пожарникари и Итна помош, а сообраќајот на една лента е запрен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа