Елена Ристеска: Грев е што солзите за покојниот татко ми ги искористија за лајкови
Поп-пејачката Елена Ристеска го сврте вниманието на јавноста, но не со нова песна туку со своја козметичка линија и парфеми со својот потпис, а во интервју за „Репортер“ таа зборуваше за муабетите и натписи кои ја повредиле.
„Кога ја почнав приказната со парфемите, сфатив дека, освен пари и време, не можам да изгубам ништо. Парите ќе ги заработам пак, а времето може да ми донесе ново искуство“, вели Елена за својата козметичка линија „Ера“, во интервју за „Репортер“ и додава дека парфемите имаат повисока цена оти не се разликуваат од веќе докажаните брендови.
Приватниот живот на Елена секогаш е тема. Еднаш беше бракот, другпат наводната тепачка за неа во Аеродром, а сега изјавата за посвојувањето дете.
„Ние каква режисерка нација сме, тоа е чудо. Да се искористи моја слика, каде што низ солзи зборувам за мојот покоен татко, и да се залепи на изјава во која велам дека имам желба да посвојам дете ако некогаш не успеам да најдам идеален партнер, па зарем тоа не грев?!“, рече поп-пејачката
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа