Елса Хоск ги покажа облините за време на одморот на Капри (ФОТО)

 

Елса Хоск ги покажа обликуваните стомачни мускули во микробикини во најновата објава на својот инстаграм-профил, каде што се пофали дека била на одмор на Капри, Италија.

Топ-моделот (33) позира во синобели бикини, а во заднината се гледаат темносино море и бранови што удираат во бродот на кој седи.

Златните прамни на атрактивната Швеѓанка слободно паѓаат до средината на грбот.

На друга фотографија, Хоск е во шорцови покрај базен, најверојатно, во вилата во која престојува.

Хоск е родена во Стокхолм, а својата модна кариера ја почна на 15-годишна возраст. Идејата да стане манекенка ја поттикнала семејна пријателка на нејзиното семејство, но никој не верувал дека малата Елса ќе направи толку голем успех.

 
30.05.2022 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа