Елтон Џон ја помина ноќта во болница откога се лизна во својот дом во Ница

 

 

Британската поп-легенда Елтон Џон помина една ноќ во болница во Монако поради полесни повреди откога се лизна и падна во својата вила во Ница, објави Би-би-си во понеделникот цитирајќи го неговиот портпарол.

Сер Елтон (76), кој минатиот месец ја заврши својата долготрајна турнеја Farewell Yellow Brick Road, бил префрлен во ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако, јавува Би-би-си.

„Елтон ја посети локалната болница како мерка на претпазливост“, изјави портпаролот.

„По прегледите, утрово веднаш беше отпуштен. Тој се врати дома и е во добро здравје“.

29.08.2023 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега