Емир Кустурица итно е примен во болница – го чека операција

Познатиот српски режисер Емир Кустурица е хоспитализиран на Институтот за ортопедија во Бањица бидејќи на Мокра Гора ја скршил ногата. Како што изјави за Спутник, се чувствува добро и го чека операција.

„После авиони, хеликоптери, камиони, стотици илјади километри, 950 концерти и се што ми се случило во животот, немаше ништо пологично да не се случи несреќа на важно и значајно место отколку на обични скали. Иронијата на животот е дека на последното скалило „Се лизнав и десниот зглоб ми отиде 180 степени. Стенкав од болка“, рекол познатиот режисер.

 

Тој додаде дека во моментов нема никакви болки и дека очекува по утрешната операција полека да се врати во нормален живот.

 

 

01.03.2023 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега