Емотивна исповед на оскаровецот: „Мојот татко го видел тоа што ниту едно дете не смее“
Гостувајќи во емисијата на Грејем Бесинџер, актерот ја отворил својата душа и кажал дека неговиот татко ја видел една од најстрашните сцени која што едно дете може да ја види.
Дедото на оскаровецот Том Хенкс бил убиен пред очите на неговиот татко, додека уште бил дете, а холивудскиот актер сега првпат ја изнел оваа потресна приказна во јавноста.
Том се потрудил да се отвори и кажал дека неговиот татко бил сведок на дедовото убиство:
„Мојот татко имал девет или десет години кога изнајмен човек го убил неговиот татко во шталата на неговата фарма во калифорнискиот град Виловс“ - изјавил актерот и објаснил што точно се случило и што неговиот татко морал да трпи поради таа сцена.
„Тој беше едно од четирите деца и единствениот кој се нашол таму во тој момент. Тоа искуство го скрши. Морал три пати да сведочи како дете. Со адвокати, судии... Тоа било спорна борба, мажот бил ослободен поради тоа што се работело за тепачка. Но, дедо ми бил убиен, а татко ми сведочел за тоа“ - објаснил Хенкс.
Актерот исто така признал дека сето тоа го уништило неговиот татко, како и дека токму тогаш изгубил чувство дека постои правда во светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа