Епидемиологот Тиодоровиќ со важно предупредување до граѓаните - откри што посебно го загрижува

 

Според последните податоци во Ниш се хоспитализирани 21 пациент со потврден коронавирус. Меѓу хоспитализираните нема деца. На респиратор се двајца пациенти, а еден починал.

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ вели дека податоците за Ниш се на очекувано ниво и дека може да се каже дека се релативно добри.

„Во Клиничкиот центар е многу намален бројот на болните, меѓутоа, тоа не треба да не направи пасивни. На ниво на Србија дојдовме до оние 42 или 56, а сега повторно имаме околу 90. Сепак таа бројка доста флуктуира. Не делува дека ќе се намали, туку дека се одржува“, објаснува докторот.

Што се однесува до заразените ученици во училиштата, докторот вели дека случаите се спорадични, кои не можат да се сместат во тенденција на зголемување.

„Многу е важно да се потсетат родителите и просветните работници на подготовката на децата. Мора да се сврти вниманието кон семејството кои имаат било каква причина за тестирање, дека тие деца не треба да одат на училиште се додека не се добие резултат. Тоа веројатно секому му е јасно“, истакнал Тиодоровиќ.

Нагласил дека на училиште не треба да одат ниту децата кои имаат било какви тегоби.

„Загрижувачки може да бидат и средношколците. Тие многу се движат и многу повеќе комуницираат, одат по кафулиња и на различни манифестации. Со нив треба повеќе да се работи и да им се посвети внимание“, наведува Тиодоровиќ.

Вели дека на забавите, кои сега ги има се повеќе, се случува младите да не држат растојание.

„Во затворен простор, па дури и на отворено, ако не се држи растојание и не се носат маски, тоа доведува до опасност да можеме да имаме поголем број на заразени. Одлуката која уште стои е 30 лица на организиран начин. Дали тоа ќе биде поместено - можно е“, кажа докторот.

Истакна дека без надзор нема спроведување на мерки.

„Не зборувам за казни. Зборувам за тоа да се прави надзор. Кога се знае дека има надзор тогаш сите се однесуваат како и во другите области“, нагласи докторот Бранислав Тиодоровиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега