Ердоган му се налути на Косово
Ветувањето на Приштина дека во амбасадата во Израел ќе ја отвори во Ерусалим го налути претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Тој верува дека Косово го предало него и муслиманскиот свет, пишува шведскиот весник „Дагенс Нихетер“.
На неодамна воспоставените дипломатски односи меѓу Израел и Косово и отворањето на косовска амбасада во Израел исто така реагираше и Министерството за надворешни работи на Палестина, оценувајќи го тој чин како разочарувачки и ја повика Приштина да ја поништи одлуката за отворање на амбасада во Ерусалим.
Двете држави официјално воспоставија дипломатски односи на 1 февруари на онлајн свеченост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа