Ескобар за ВОА: САД не бара од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Ковачевски, бара да го поддржи евроатлантскиот пат на СМ

 

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за ВОА кажа дека, САД не барале од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи премиерот Ковачевски, туку како што рече, евроатлантскиот пат на државата. 

„Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на Северна Македонија“, изјави Ескобар.

Не ја коментираше суштината на дипломатските разговори кои се водени со опозицијата во земјава, но додава дека оттаму имаат некои свои мислења за тоа.

-Но, она што би сакал да го слушнам од опозицијата е посветеноста на патот на евроатлантските интеграции. И тоа вклучува разгледување начини како Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее, порача Ескобар.

13.05.2023 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега