ЕСМ бара 20% поскапо парно
ЕСМ производство поднело барање до Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на парното греење во Скопје за 20%.
Нивното барање доаѓа по она на ЕСМ дистрибуција кои побараа околу 13% поскапо парно. И тука оправдувањето е зголемување на трошоците за набавка на гориво Од ЕСМ нагласуваат дека ова покачување е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за потрошувачите. Р
егулаторната комисија сега треба да одлучи дали ќе го одобри ова барање и каква ќе биде финалната одлука во однос на цената на парното греење. На крајот од јули минатата година Регулаторот донесе одлука со која почнувајќи од августовските сметки ја намали цената на парното за 3,16%. Тогаш Бислимовски рече дека се наоѓаме во период на стабилизација на цените на енергенсите.
Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа