ЕСПН: Луис Суарез ќе биде нов играч на Интер Мајами

Како што пренесува „ЕСПН“, Луис Суарез ќе потпише едногодишен договор со Интер Мајами и така во уште еден наврат ќе заигра со Меси, Бускетс и Жорди Алба каде претходно заедно играа во Барселона.

Откако пред неколку месеци неговиот тим Гремио одбиваше да го пушти, сега конечно се договориле со Интер Мајами за негов трансфер, каде засега оштетата е непозната. 

Сезонава тој е водечки стрелец на тимот од Порто Алегре со 10 гола и 10 асистенции, но најверојатно втората сезона од неговиот двогодишен договор со Гремио нема да ја обработи.

 

 

 

04.11.2023 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега