ЕУ набргу би можела да ги укине визите за граѓаните на Косово

 

Советот на ЕУ денеска го договори ставот за укинување на визите за граѓаните на Косово, а сè уште се чека потврдата од Европскиот парламент за одлуката да биде конечна.

„Косово вложи големи напори за подобрување на својата безбедност, управување со миграцијата и усогласување со визната политика на ЕУ“, изјави шведската министерка за миграција, Марија Малмер.

Косово е последната земја од Западен Балкан на чии граѓани сè уште им се потребни визи за влез во ЕУ.

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, денеска, во прво читање ја изгласаа одлуката за укинување на визите, а сега останува потврдата од Европскиот парламент.

Одлуката ќе стапи во сила кога ќе почне да се применува новиот систем за информации за патување и овластување патувања за патници за кои не е потребна виза за ЕУ ​​(ETIAS) или најдоцна на 1 јануари 2024 година.

09.03.2023 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега