ЕУ: Ситуацијата на Западен Балкан бара отворена дебата

Министрите за надворешни работи на ЕУ на следниот состанок закажан за 10 мај со физичко присуство како тема ќе го имаат Западен Балкан, а Советот на ЕУ нагласува дека ситуацијата во регионот бара физичко присуство и искрена и отворена дебата на министрите на ЕУ, пренесуваат медиумите во регионот.

„Ситуацијата на Западен Балкан се менува во различни насоки, не сите се позитивни и затоа мора да имаме добра дебата во живо“, рече официјалниот претставник на ЕУ.

Во пресрет на видеоконференцијата на Советот на ЕУ, што ќе се одржи на 19 април, во Брисел, тие потенцираат дека дебатата за Западен Балкан е избришана од агендата на состанокот исклучително поради техничките промени за одржување на самиот состанок кој првично бил планиран да се одржи со физичко присуство на сите министри во Луксембург.

„Западен Балкан бара искрен и отворен разговор меѓу министрите, во консултација со Мирослав Лајчак. „Од Косово, преку БиХ до проширувањето, имаме голем број важни прашања и затоа има потреба оваа дебата да се одржи во живо“, констатирале во Брисел.

Се додава дека Западен Балкан е веројатно „првата точка на агендата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел“.

„Тој го потенцираше тоа на почетокот на неговиот мандат, и тоа сè уште е случај“, заклучи официјалниот претставник на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Украина, Грузија, Етиопија, Индија и Мјанмар на видео конференција на 19 април, пишуваат медиумите.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега