Ева Лонгорија ја поддржува Серена Вилијамс во врска со двојните стандарди
Ева Лонгорија јавно ја изрази својата поддршка за својата пријателка Серена Вилијамс во интервју за „Пипл“ објавено во четвртокот, откако тениската ѕвезда проговори за двојни стандарди во пресрет на веста за нејзино пензионирање.
47-годишната актерка разговараше со медиумот во текот на саботниот настан Vote Like a Madre во Мајами, каде го кажа својот став за двојните стандарди со кои се соочуваат жените во однос на родителството.
Таа се надоврза на неодамнешната изјава на Серена Вилијамс, една од најуспешните професионални тенисерки во светот.
Во неодамнешно интервју за „Вог“, Серена (40) откри дека ќе се повлече од натпреварите во корист на зголемување на своето семејство. Таа нагласи дека е неправедно што мора да ѝ ја објасни на јавноста својата одлука да го напушти спортскиот свет.„Да бев машко, немаше да го кажувам ова затоа што ќе бев на терен и ќе играв и ќе победев додека мојата сопруга ќе беше ангажирана со физичка работа за проширување на нашето семејство“, рече таа.
Лонгорија се согласи со Вилијамс и забележа дека разликите засновани на пол често повеќе ги погодуваат жените отколку мажите.
„Таа е апсолутно во право. Ако ова беше поинакво време, ако се заменија половите, немаше да ѝ треба долга пауза или долг одмор за да дои“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа