Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

 

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика.

Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто – ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки – основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства – исто така се намалени за 0,25 процентни поени – соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти.

Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Состанокот за монетарната политика на ЕЦБ се одржа во момент кога траат тензиите предизвикани од царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. И иако стапувањето во сила на дел од нив е одложено, економската состојба останува неизвесна.

17.04.2025 - 18:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега