Европски сојуз за промена: ДУИ сака да ги претстави како патриотизам физичките напади врз албанските професионалци

Според Европскиот сојуз за промена, физичките напади врз албанските професионалци, ДУИ сака да ги претстави како патриотизам.

Ова, според нив, само ја потврдува паниката и стравот од пораз во кој се наоѓа оваа партија.

„И ова не е прв пат. Претходно, на најнизок начин, со јавен линч низ порталите на Артан Груби, тие ја нападнаа претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Само затоа што не потпадна на притисоците на ДУИ да го врати Груевски во Северна Македонија како херој“, велат од Европскиот сојуз за промени.

08.01.2024 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега