Евростат нотира: Во Италија врие од лекари

 

Италија има најголем процент на постари лекари од сите земји на ЕУ, со просечна возраст од 65 или повеќе години, а нивниот удел во вкупниот број медицински персонал е 26,7 отсто, покажуваат податоците на европската статистичка агенција „Евростат“.

На второ место е Унгарија со 22,4 отсто постари лекари, а трета е Естонија со 22,3 отсто, пренесува агенцијата „Анса“.

Германија има најголем процент на лекари на возраст меѓу 55 и 64 години (36,1 отсто), потоа Бугарија со 33,9 отсто и Летонија со 27,4 отсто.

Највисок процент на млади лекари има Малта со 46 отсто, потоа Романија (34,6 отсто) и Холандија (29,7 отсто).

На европско ниво процентот на лекари на возраст од 55 години или повеќе е 40 отсто, соопшти „Евростат“.

17.01.2025 - 14:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега