Фанови на Тејлор Свифт почнаа да чекаат два дена пред продажбата на билети за нејзин концерт
Во тек е нова битка во големата војна за билети за концерт на Тејлор Свифт откога билетите во претпродажба за концертите на поп-ѕвездата во Сингапур следната година се распродадоа за три часа.
Во средата билетите во претпродажба за турнејата на Тејлор Свифт, „Д’Ерас“, во Сингапур во март 2024 година се распродадоа во рок од три часа поради исклучително високата побарувачка со над 1,4 милион фанови, кои чекаа онлајн.
Од 7 јули билетите ќе бидат достапни и онлајн на „Тикетмастер“ и физички во кое било од 55-те продажни места на „Синг-пост“ во земјата.
Пред општата продажба, која почнува в петок напладне, неколку тврдокорни фанови не сакаа да остават ништо на случајноста, па почнаа да чекаат два дена однапред во филијалите на „Сингапур пост“ (SingPost) со надеж дека ќе бидат први кога ќе почне продажбата на билети.
Очигледно се поттикнати од преголема желба и надеж дека ќе присуствуваат на еден од нејзините шест настапи на Националниот стадион во март 2024 година.
Платформата за издавање билети „Тикетмастер“ (Ticketmaster) – алтернативен метод кој бара од фановите да се приклучат на онлајн-редица – не доаѓаше предвид бидејќи обично паѓа и не се справува добро со голема количина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа