Фантастични резултати: Србија е прва во Европа според бројот на граѓани кои ја примиле втората доза против ковид 19 на милион жители

Според последните владини податоци, досега во Србија се дадени 1.501.917 дози на вакцина за коронавирус, а втора доза на вакцина примиле 530.863 лица.

Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е на шестото место во светот - по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Според бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.

Кога станува збор за бројот на оние кои примиле втора доза на вакцина на милион жители, Србија е прва во Европа и четврта во светот, по Израел, Сејшелите и Обединетите Арапски Емирати.

Србија е убедливо прва во регионот според бројот на вакцини на милион жители, по што следат Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора.

Србија е на прво место во регионот според бројот на граѓани кои ја примиле втората доза на вакцината на милион жители.

Според вкупниот број вакцини и ревакцинации, Србија е втора во регионот, по Романија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега