Фатален исход може да имаат значаен процент од заболените со конго-кримска хеморагична треска, алармира Петличковски

 

Претседателот на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Александар Петличковски извести дека болничарката заразена со конго-кримска хеморагична треска е во добра состојба.

– Размислувањата се дека за неа кризата е помината и се очекува комплетно опоравување, вели тој. 

Третиот пациент, рибарот од Велес, е во добра состојба, но вели Петличковски, има неколку дена кога би можела да се случи промена.

– Доколку дојде до влошување терапијата е тука, додава тој.

Како што изјави Петличковски, морбидитетот и морталитетот на болеста е сериозен.

– Значаен процент од оние кои ќе се разболат можат да завршат со фатален исход. Но има различни видови на вирусот, генотипови на вирусот, некои се поврзани со висока, некои со ниска смртност, објаснува тој.

15.08.2023 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега