Фатени 9 лица со дрога во Карпош, меѓу приведените и лица од Мексико и Косово

Вчера во спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници привеле 9 лица поради дрога.

„Кај И.К.(41) од Скопје, Н.Ј.(29) од Пробиштип, П.В.(26) од Битола, С.Г.(31) од Скопје, Н.К. од Косово, Г.Г.Р.(31) од Мексико, Д.М.(23) од Скопје, Ф.П.(30) од Скопје и Н.И.(22) од Куманово биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

08.12.2023 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега