Фејсбук и Гул ќе треба да ѝ платат речиси половина милион долари казна на Русија
Технолошките гиганти Фејсбук и Гугл добија казна од руски суд зашто не ја избришаа содржината што Москва ја смета за нелегална.
Фејсбук ќе треба да плати 354.000 долари (26 милиони рубљи) и тоа по осум различни основи, а Гугл, пак, треба да плати 82.000 долари (шест милиони рубљи).
Двете компании се прогласени за виновни за административни повреди.
Гугл одби да ја коментира одлуката на судот, а Фејсбук засега нема одговорено на барањето од Ројтерс за коментар.
Обвинувањата се однесуваат на објавите за кои Русија вели дека ги охрабрувале малолетниците да се приклучат на нелегалните протести во јануари кога демонстрантите излегоа на улиците да изразат поддршка за уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални.
Русија веќе го казни Твитер затоа што не избриша забранета содржина, па социјалната мрежа од Сан Франциско беше казнета со 121.000 долари, а неодамна и ТикТок беше казнет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа