Фетаи: Владата ќе се заложи за ефикасна конфискација на нелегалниот имот
Заменикот претседател на Владата за политики за добро владеење Арбен Фетаи, денеска се обратил на Регионалниот состанок за политики за враќање на имот во Западен Балкан, што се одржува во Будва, Црна Гора.
Фетаи, како што соопшти неговиот Кабинет, ја истакнал потребата од координирани активности против организираниот криминал и корупцијата, нагласувајќи ја важноста на размена на најдобрите практики и справување со нелегалните финансиски трансакции кои ја поткопуваат демократијата и довербата на граѓаните во институциите.
Тој го презентирал напредокот на Северна Македонија, вклучувајќи го усвојувањето на три значајни закони за конфискација и управување со запленетиот имот, како и Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2024–2028, која е во завршна фаза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа