ФФМ бара најстрога казна од УЕФА за Арнаутовиќ
Фудбалската федерација на Македонија бара најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради пцовките и навредите кон Езѓан Алиоски откако го постигна третиот гол на натпреварот против Македонија.
ФФМ најостро го осудува националистичкиот испад на Арнаутовиќ на натпреварот.
-Поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ. Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме. Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат, велат од ФФМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа