Фицо: Членството на Украина во НАТО, е само гаранција за трета светска војна

 

Влезот на Украина во НАТО би предизвикал глобален конфликт, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо. „Ги разбирам желбите на Украина, таа е суверена земја, но членството на Украина во НАТО е само гаранција за третата светска војна“, рече Фицо во видеото на Фејсбук.

Фицо изјавил дека им наредил на претставниците на Словачка на самитот да повторат дека Украина може да влезе во НАТО само кога ќе ги исполни сите критериуми за членство и откако ќе потпишат сите земји членки на Алијансата, пишува бриселскиот портал „Политико“.

Коментарите дојдоа само неколку часа откако словачката делегација на самитот на НАТО во Вашингтон го поддржа заедничкиот став дека Украина е на „неповратниот пат“ за приклучување кон Алијансата. Словачка е членка на НАТО од 2004 година. Фицо, кој е во четвртиот мандат како премиер на земјата од 2006 година, вети дека ќе ја прекине воената помош за Украина, пренесува Танјуг.

Тој неодамна изјави и дека „многу би сакал да му се придружи“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на минатонеделната посета на Москва за да го посети рускиот претседател Владимир Путин, потсетува бриселскиот портал.

11.07.2024 - 21:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа