Филипче: Политичката хајка против мене е разобличена, вистината победи

 


Разобличена е една огромна завера против мене поврзана со случајот за злоупотреба на биолошка терапија на Клиниката за Онкологија, вистината победи, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Филипче на прес-конференцијата ги презентираше извештаите поднесени до анкетната комисија за Клиниката за онкологија,  формирана на барање на ВМРО ДПМНЕ која ја водеше Рашела Мизрахи.

„Мизрахи, од тогаш па до денес, тврди дека јас имам одговорност во тој случај.  Мизрахи тврди дека такви извештаи немало и ова го повторува во јавноста со месеци, водејќи брутална негативна кампања против мене обивнувајќи ме, иако од самиот почеток тврдев дека одговорност кај мене не постои. Сите извештаи добро и уредно пополнети и заверени беа доставени.“, рече Филипче.

На прес-конфренцијата, Филипче порача дека ова е скандал преседан и ги повика ВМРО ДПМНЕ и Мизрахи да се извинат за тоа што ја донесоа јавноста во заблуда.

„ Очекувам итно да излезат и да се извинат на целата македонска јавност и до мене и  Рашела Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ што ја донесоа јавноста во заблуда и го оцрнија моето име“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека нема ништо позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден таков грозоморен случај за политички поени и да се кријат докази од истражните органи.

27.01.2025 - 13:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега