Филипче: Шестмесечната Амра ќе расте нормално
Екс министерот за здравство Филипче преку Фејсбук сподели успешна приказна за спасувањето на животот на шестмесечната Амра.
-Амра е шестмесечно бебе која издвои победа во важна животна битка. Вистинска мала хероина, во моментов моја најмала пациентка на Клиниката за неврохирургија, која се избори со тешка операција. Амра сега ќе има нормален раст и развој. И посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа, напиша Филипче.
По напуштањето на министерската функција, Филипче продолжи да работи како професор и хирург на Клиниката за неврохирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа