Финска: Најмалку тројца ученици повредени во напад со нож

 

Најмалку тројца ученици се повредени денеска во напад со нож во училиште во јужна Финска, пренесе ДПА, повикувајќи се на властите.

Полицијата соопшти дека еден ученик е приведен и дека ниту еден од повредените немал повреди опасни по живот. Нападот се случил во училиштето „Вахајарви“ во градот Пиркала, југозападно од градот Тампере.

Во училиштето учат околу 1.250 деца.

Локалните медиуми објавија дека осомничениот, за кој се верува дека има 16 години, испратил манифест до новинските агенции пред нападот, велејќи дека има намера да нападне девојчиња.

Полицијата официјално не го потврди постоењето на таква порака, но рече дека е запознаена со објавените материјали и дека ги разгледува како дел од истрагата.

20.05.2025 - 17:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега