„Фокус“: Уште не е потврдено дали ќе пееме на Евровизија, членарината од 260.000 евра кон ЕБУ ја плаќаме дури и ако не учествуваме

 

Иако изминатиот период во повеќе медиуми се објави веста дека Македонија ќе учествува на Евровизија 2024 во Шведска, ,,Фокус” пренесува дека станувало збор само за предлог, кој се уште официјално не е потврден.

-Програмата на Македонската Радио Телевизија во 2024 година ќе биде одбележана и со учеството на Изборот за песна на Евровизија 2024 година каде што ќе бидат презентирани македонските музички вредности преку песната – учесничка на овој фестивал- наведено е на страницата на МРТ, во објавената Предлог програма за работа на ЈРП Македонска радио телевизија за 2024 година, но релевантни извори од високото раководство во МРТ за ,,Фокус” велат дека учеството се уште не е официјално потврдено, туку станува збор за Предлог програма.

Исто така, на страницата на јавниот сервис МРТ во Предлог годишна програма за работа на ЈРП Македонска радио телевизија за 2024 година, е наведено дека за годишна членарина во ЕБУ (Европски радиодифузен сојуз) и ЦИРКОМ (Организација под ЕБУ) се предвидени 16 милиони денари, односно над 260.000 евра.
За котизација е наведено дека се предвидени 300.000 денари, односно околу 50 илјади евра.

Порталот повикувајќи се на доброупатени извори од МРТ пренесува дека без разлика дали Македонија учествува на Евровизија или не, членарината кон ЕБУ мора да се плати. Иако годинава откажавме учество поради економската криза, сепак таа членарина била подмирена, бидејќи ЕБУ е сојуз кој е најпознат поради организацијата на Евровизија, но исто така имал и други активности, како на пример отстапување на права за емитување на различни програми, филмови, серии и други културни и забавни содржини.

Целата вест прочитајте ја ТУКА. 

18.09.2023 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега