Фолкерот Милан го чека своето второ дете, Зара ќе добие братче или сестричка

 

Пејачот Милан Митровиќ и неговата сопруга Бојана за неколку месеци ќе го добијат второто дете. Брачната двојка чека бебе, а среќната вест ја дознаа неодамна.

Како што пишуваат српските медиуми, сопружниците долго време посакувале да го прошират своето семејство, па за седум месеци нивната ќерка Зара, која годинава ќе наполни седум години, ќе добие брат или сестра.

Пејачот, кој подоцна беше и водител, неодамна им откри на медиумите дека сака уште едно дете.

-Зара е најубавото нешто што можеше да ми се случи во животот. Едвај чекам да го поминам секој момент со неа. Бојана сега не сака уште едно дете набрзина, сака што повеќе да се посвети на нашето девојче, но јас само да се прашувам, би сакал утре да имам уште едно дете. Децата се најубавото нешто што може да му се случи на човек. Жал ми е што не поминувам со нив онолку време колку што би сакал, но можам да дојдам дома доцна навечер и да се гушкам со ќерка ми, која штом слушне дека сум влегол, ги отвора очите и се гушка со тато, изјави неодамна Милан.

Таа голема желба наскоро ќе му се исполни.

08.03.2022 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега