Фон дер Лајен: Уставни измени што е можно побрзо, вашата држава се согласи дека ќе ги направи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес конференција истакна дека тие ќе помогнат да се спроведе обврската која ја презеде Северна Македонија за уставни промени.
„Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно побрзо, треба да поминат уставните промени за кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Уставните промени треба да се разработат, за мене тоа е важно и тоа е во интерес на Северна Македонија да бидат успешни и сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот за да стигнеме до заедничката цел, може да сметате на нас, да не се вртиме многу наназад и да гледаме кон иднината и сакаме да го пишуваме нашето следно поглавје од нашата заедничка иднина заедно“, истакна Фон дер Лајен.
Во својот говор таа додаде дека проширувањето на ЕУ ќе остане врвен приоритет во следните пет години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа