(ФОТО) „6 месеци немаат поминато“: Осквернавен гробот на Зоки Фаци
Јутјуберот Стефан Лазаров преку својот Фејсбук профил објави вознемирувачка вест за вандалски чин на гробишта. Според неговата објава, некој го откопал гробот на починатиот Зоки, најверојатно во потрага по злато или вредни предмети. Лазаров изрази шокираност и разочарување од овој чин, особено што од погребот поминале само шест месеци.
Семејството на починатиот го пријавило случајот во Министерството за внатрешни работи, со надеж дека сторителите ќе бидат брзо пронајдени и соодветно казнети, за да се спречат вакви одвратни дела во иднина.
03.03.2025 - 15:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа